Македонија
20. February 2021 - 8:40

Времето денес облачно со сончеви периоди, вечер повремени врнежи од дожд

Претпладне по одделни котлините ќе има појава на магла и ниска облачност, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта почнувајќи од североисток ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, на повисоките планините од слаб снег. До утринските часови врнежите ќе престанат, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.

Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Од утре следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена локална облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка.