Времето денес ќе биде сончево со температура до 22 степени
Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Попладне во северните делови ќе има умерено наоблачување, а долж Повардарјето поизразен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус три до пет, а дневната од 15 до 22 степени.
Во Скопје слично време, претпладне сончево, а попладне со мала до умерена облачност, преку денот со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе искачи до 18 степени.
Продолжува период на стабилно, суво и претежно сончево време. Преодно наоблачување поизразено во северните делови од земјата ќе има во текот на денешнот ден. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец поизразен денска и во вторник. Ова ќе биде причина за благ пораст и одржување на повисоки утрински температури.
Од уте, понеделник, под влијание на потопла воздушна маса во пораст ќе бидат и дневните температури.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата