Воскреснувал мртви, лекувал болни, истерувал ѓаволи - денеска се празнува овој голем светец
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 јули.
Денеска е Преподобен Сисој Велики.
Преподобен Сисој беше Мисирец (Египќанец), сонародник и ученик на основоположникот на пустиножителното монаштво Антониј Велики. По смртта на свети Антониј, Сисој се насели на гората на која се подвизуваше неговиот учител-која по него го доби името Антониева-и таму помина во секаков подвиг цели 60 години. Како што пишува во житието со подвизување и молитви достигнал такво совршенство што бил незлоблив како дете. Господ го дарувал со многу дарови, како на пр. да воскреснува мртви, да лекува болни, да истерува ѓаволи итн. Кај него доаѓале многу монаси и мирјани пред сè за совети, бидејќи бил исполнет со мудрост. Толку ја исчисти својата внатрешност, што стана незглоблив како дете, па ја достигна полнотата на човечката природа и од Бога прими големи дарови за помош и наѕидување на другите. Пред смртта лицето му засветело како сонце, а кога испуштил душа во просторијата се почувствувала благосостојба. Преживеа долго време и се претстави пред Христа Бога во 429 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Антонио Апостолски од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-
Христијаните во земјава го одбележаа најголемиот празник - Воскресение Христово Велигден
-
Државно-партискиот врв го честиташе Велигден
-
Илјадници верници во црквите во Охрид
-
Г. Петар: Со Цариград во моментов нема преговори, не можеме да преговараме околу тоа што сме и кои сме
-
Колешино - Село со пример за верски соживот
-
Д-р Митов: Науката потврди дека јајцата можат да бидат корисни за здравјето, но да не се претерува
-
Ахмети ја потврди комуникацијата со Таравари - ВЛЕН најавува спојување во една партија