Вооружен маж уби еден студент и повреди 11 лица на универзитет во Кина
Вооружен маж уби еден студент и рани уште 11 лица денеска во Технички универзитет во југозападната кинеска провинција Јунан. Нападот е дел од серијата насилства на јавни места, велат локалните власти.
Дваесетгодишниот маж со презиме Јан ранил девет студенти и двајца професори во 11: 26 часот. Властите не прецизираа какво оружје било употребено и соопштија дека истрагата е во тек.
Злосторствата се релативно ретки во Кина, особено во големите градови, каде што безбедноста е зголемена, иако во последниве години се извршени серија на напади со ножеви, секири и автомобили.
Државните медиуми вчера јавија дека најмалку шест лица загинаа, а 18 се повредени откако автомобил удри во група луѓе, меѓу кои имаше и ученици. Инцидентот се случи пред основно училиште во градот Хулудао, североисточна Кина. Полицијата подоцна го уапси возачот на автомобилот.
Во октомври кинеската полиција соопшти дека бара 30-годишен маж по нападите со нож во северната провинција Хебеј.
Во септември во Кина беше убиен маж, кој во април уби 9 девет ученици и рани 11 лица во напад со нож во средно училиште во провинцијата Шанкси во централна Кина.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко