Македонија
25. March 2016 - 11:45

Водовод за село Никиштани

Договор за финансирање на проектот „Изградба на дистрибутивна примарна и секундарна водоводна мрежа (L=3.304,07 m’) и разделна шахта меѓу двата резервоара во село Никиштани денеска потпишаа министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски.

Министерот Изаири појасни дека овој договор е долгодгодишен проект и баран од населението. Појасни дека ова е прва фаза, но, како што рече, Министерството ќе продолжи со кофинасирање на проектот се до неговото завршување.

Градоначалникот Митревски информира дека општината инвестирала во доводот на вода до селото, а со помошта од Министерството ќе се спроведе до секој дом.

Првата фаза од кофинансирањето предвидува три милиони денари. Вкупната сума на проектот изнесува 16 миоиони денари, а дополнително средства ќе обезбеди и општина Ѓорче Петров.