МВР: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи
Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) денеска почнуваат кампања која има за цел да се почитуваат сообраќајните правила на експресен пат. Промовирани се две едукативни видеа, на македонски и на албански јазик.
- „Експресен пат“ е јавен пат кој е специјално изграден и наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, означен со пропишан сообраќаен знак, со најмалку по една лента за секоја насока и лента за застанување, на кој сообраќајот може да се вклучи, односно исклучи само на одредени и посебно изградени приклучоци и кој е заштитен од пристап надвор од овие површини. Експресниот пат има по една сообраќајна лента во секоја насока, кои меѓусебно се разделени со полна или со испрекината линија зависно од конфигурацијата на теренот. Покрај сообраќајната лента за движење на возилата, на експресниот пат има и лента за застанување на возилата која е наменета исклучиво за запирање на возилата. На експресниот пат не е дозволено движење на пешаци, велосипеди, трактори и други бавни возила, се наведува во соопштението.
Од МВР посочуваат дека најголемата дозволена брзина е ограничена на 110 километри на час, освен доколку не е поинаку определено со сообраќаен знак. Престигнувањето е дозволено исклучиво кога има добра прегледност и има обележана испрекината линија на коловозот.
- Секое движење со возилото во лентата за застанување претставува сообраќаен прекршок и подлежи на глоба согласно Законот. На експресниот пат забрането е полукружно вртење, застанување и паркирање, освен на предвидените места. Возачите мора да внимаваат, да држат безбедно растојание и да ги почитуваат сите сообраќајни знаци. Експресниот пат нуди брзина – но, само кога се користи правилно и одговорно. Експресниот пат не е автопат и нема посебна сообраќајна лента за престигнување. На експресен пат, престигнувањето може да се изврши само кога тоа е дозволено, безбедно – и исклучиво на делови од патот каде е обележано со испрекината линија и доколку не ги попречува возилата кои се движат од спротивната насока. Доколку се приближува возило кое има намера да престигне друго возило, возачот на возилото кое се престигнува не смее да ја користи лентата за застанување со цел да „направи" простор за да биде престигнато – тоа е лента исклучиво за застанување по потреба, никако за возење, стои во соопштението.
МВР потсетува дека престигнување на непрегледни делници, на кривини, со возење по лентата за сопирање или со газење преку полната линија е строго забрането и претставува сериозен ризик.
- Таквите сообраќајни маневри често завршуваат со несреќа која може да предизвика тешки повреди... и загубени животи. Не брзај – едно незаконско престигнување може да биде твоја последна одлука.На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи, апелира МВР.
Ново на Сител
-
Квaлификaции зa CП 2026: Макeдoнијa победи прoтив Кaзaxстaн
-
Невреме во Букурешт: Поплави, соборени дрвја и доцнења на летови
-
Вo среда наутро во Скопје авионска дезинсекција против комарци
-
МВР: Кривична пријава против 23 физички и 15 правни лица, предизвикале штета на буџетот од над 94 милиони евра
-
Собранието ги изгласа новите кадровски решенија на Влен
-
Се шири болеста чума кај малите преживари во Албанија, стигна и во погранична област во близина на Дебар
-
Поднесени кривични за две лица од Делчево осомничени за „предизвикување општа опасност“ и „бесправно градење“
-
Полициски службеници евакуираа и транспортираа повредено лице од планината Јабланица