Фон дер Лајен: Ако не ги заштитиме океаните ја ризикуваме нашата иднина

Океанот инспирираше сликари како Матис, Шагал и многу други, но сите знаеме дека тој е многу повеќе од само инспирација – тој е живот, тој не храни, не разладува и не поврзува со светот, изјави денеска претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во воведното обраќање на првиот пленарен состанок на Конференцијата на ОН за океаните, што се одржува во францускиот град во Ница.
– Заедно, презедовме многу важни чекори за да ги заштитиме нашите океани. Денес, можеме да ги прославиме првите резултати, но во исто време мора да ги засилиме нашите напори, бидејќи океаните се уште се во криза. Без акција, ја ризикуваме нашата иднина, рече Фон дер Лајен.
Таа нагласи дека Договорот за отвореното море, склучен пред три години, е клучен инструмент за заштита на океаните, за чија реализација ЕУ ќе придонесе со 40 милиони евра во рамки на програмата „Глобален океан“.
Сепак, според неа, клучно е што побрзо Договорот да биде ратификуван од најмалку 60 од неговите потписнички, со цел да стапи во сила.
– Затоа, Ве молам сите вас денеска: Забрзајте ја ратификацијата, бидејќи на нашите океани им е потребно и ние да ја одиграме својата улога, рече Фин дер Лајен.
Претседателката на ЕК додаде дека алатката Европски океански дигитален близнак (ЕДТО), чија прва верзија ќе биде промовирана попладнево во Ница, ќе помогне за подобро разбирање на океаните – од загадувањето до навигација и од ризици за крајбрежните региони до биодиверзитетот.
– Нема да застанеме тука. Го слушнавме повикот од Франција и на другите да инвестираме многу во истражувањето на океаните. Значи, со Дигиталниот близнак започнуваме нова иницијатива за мониторинг на океаните. Таа ќе им даде витални податоци на сите што се потпираат на океаните и ќе и помогне Европа да стане глобален лидер во науката, технологијата и безбедноста на океаните. Ги повикувам сите земји што се тука да и се приклучат на Европа во оваа мисија, потенцира Фон дер Лајен.
Таа потсети дека попладнево ЕУ ќе го и претстави својот Европскиот пакт за океаните, кој претставува кохерентна стратегија за политиките на Унијата за подобра заштита на океаните, промовирање на просперитетна сина економија и поддршка на благосостојбата на луѓето што живеат во крајбрежните области.
– Ако сите ја одиграме својата улога, можеме да ги спасиме нашите океани. Како што еднаш рече Жак Кусто: „Морето, големиот обединувач, е единствената надеж на човекот. Сега, како никогаш порано, сите сме во истиот брод“. Само работејќи заедно можеме да обезбедиме добра иднина за океаните. Тоа е во наши раце, заклучи Фон дер Лајен во обраќањето на Конференцијата на која учествува и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.
Ново на Сител
-

MATTO FOR GOOD – хуманитарен бранч по повод 5 години Matto Napoletano
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
