Водата од неколку селски чешми во Гевгелија неисправна за пиење
Водата од селските чешми во Богородица, Богданци и од дојранските села Фурка и Ѓопчели не е исправна и здрава за пиење, покажа анализата на примероци вода земени на 10 мај, соопшти Центарот за јавно здравје Велес, подрачна единица Гевгелија.
Марија Пенова од подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија информира дека по направената бактериолошка анализа на водата од споменативе чешми, кај сите мостри изолирани биле бактерии индикатори на фекално загадување кои можат да бидат предизвикувачи на цревни заразни заболувања и истовремено апелира жителите од наведените места водата од посочените чешми да не ја употребуваат за пиење.
- Сега неопходно е да се изврши санација на водоснабдителните објекти и нивната околина, а поради отсуството на резидуален хлор, кој исто така е утврден во анализата, треба да се воспостави редовно хлорирање заради дезинфекција на водата која до соопштување на резултатите од следната анализа не треба да се пие, рече докрор Пенова.
Ново на Сител
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот