Македонија
17. April 2025 - 12:35

Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?

Во новата просечна потрошувачка кошничка ќе влезат голем број земјоделски производи, пред се домашното производство, вели министерот за земјоделие Триупоновски.

Тој откри дека ќе биде изработен календар кои култури кога се произведуваат и се користат и врз основа на тоа ќе се прави пресметката. Во математиката за просечната потрошувачка кошничка се вклучени повеќе министерства и државниот завод за статистика и треба да покаже колку пари му требаат на едно трочлено семејство за да ги покрие основните потреби.