Свет
11. February 2017 - 17:16

Во железничката несреќа во Сакраменто нема повредени лица

Товарен воз со 22 вагони синоќа се преврти во река во предградие на Сакраменто, соопшти калифорниската противпожарна служба.

Во возот имало три лица и никој не е повреден.

Возот патувал кон градот Роузвил и превезувал храна.