Loading Video...
Свет
30. јуни 2024 - 16:29

Преглед на вестите од светот

Франција е најблиску до крајно десничарска Влада од втората светска војна до денеска констатира Ројтерс во најавата на вонредните парламентарни избори кои Претседателот Макрон ги предизвика по катастрофата која што ја дожвиеа на изборите за Европскиот парламент.

Одлуката на Макрон ги изненади дури и неговите најблиски сојузници а во француската експертска јавност се доживеа како голема коцка која Макрон може да го направи брилијантен политички стратег или најголем губитник.

Партијата на Марин Ле Пен и 28-годишниот Џордан Бардела, кој би можел да биде следниот премиер, ја зацврсти својата предност во анкетите откако на европските избори му го нанесе најтешкиот пораз на Макрон.

Франција има мнозински изборен систем кој низ два изборни круга треба да пополни 577 пратенички места во националното Собрание. Првиот круг е се одржува денеска, вториот, идната недела на 7 јули. 

Србија го вклучи црвеното ниво на предупредување поради опасност од терористички напад откако вчера млад полицаец беше погоден со стрела во вратот пред израелската амбасада во Белград. Српскиот министер за внатрешни работи Дачиќ уште вчера најави серија полициски акции и апсења, а Претседателот рече дека Србија нема да има милост за терористите

Повредениот полицаец е во добра здравствена состојба. Тој успеал со стрелата во вратот да го елиминира 34 годишниот напаѓач, инаку етнички Србин за кој српските служби тврдат дека преминал во радикален ислам.