Велосипедистите бараат патека за поврзување на Охрид - Струга
Современа патека меѓу двата крајезерски града Охрид и Струга бараат велосипедистите. Станува збор за 8 годишна идеја а неодамна, со Ипа вело тура, која ја подржаа над 120 велосипедисти истата се реафирмира.
Во 21 век кога други држави градат велосипедски автопати, редно е и во охридско-струшкиот регион да има безбедни вело патеки, вели Димоски а не велосипедистите да возат покрај автомобили, автобуси и камиони и да се ставаат во сериозна и опасна ситуација како ранлива категорија учесници во сообраќајот.
За жал за оваа идеја сеуште не е изготвен проект иако имало дискусии, предлози и пилот решенија за заживување.
Според добрите познавачи изградбата на современата патека би имаат непроценливо значење за развој на туризмот и велосипедизмот во двата македонски туристички бисери и огромен бенефит за охриѓани, стружани но и туристите од Македонија и светот.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар