-->
-->
Во Виетнам од почетокот на годината се удавиле приближно 800 деца
-->
Во првите шест месеци од 2017 година во Виетнам се удавиле приближно 800 деца, соопштија денеска властите.
Директорот на одделот за заштита на децата, Данг Хоанам, за ДПА изјави дека причина за вака високиот број удавени деца, 795, е комбинацијата од недостиг на родителска контрола и немање обуки за пливање.
Статистиката покажува дека во периодот 2010-2015 година, просечно годишно по околу 2.800 деца умирале од давење.
Виетнам е на прво место во Азија по случаите на давања, по 6.000 лица годишно, од кои половината се деца.
Во виетнамските училишта децата не учат да пливаат, главно поради недостигот на базени. Владата често пати е критикувана за тоа дека лекциите по пливање не ги вклучува во своите училишни програми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена