Преглед на вестите од светот
Воениот конфликт помеѓу Изрел и Иран се разговорува. Над 80 повредени цивили, погоден медицинскиот центар Сорока во Бершева, како и неколку станбени згради во околина на Тел Авив по утринскиот, но и најмоќен ирански бран воздушни напади врз Израел откако почна конфликтот минатиот петок, информираа израелските власти. Врхвниот лидер на Иран, Ајталохаот Али Хамнеи повеќе не смее да постои, порача миистерот за одбрана Изарел Кац по нападот на болницата.
- Сакам да кажам дека диктатор како Хамнеи, кој води земја како Иран и на своето знаме го врежал уништувањето на Државата Израел, оваа ужасна цел за уништување на Израел, не може да продолжи да постои, изјави Израел Кац, министер за одбрана на Изарел.
Техеран демантира – не ја нападнавме болницата, туку воената инфраструктура на израелската армија во нејзина близина.
- Целите на Исламската Република Иран досега беа одбранбени, беа воени цели, за разлика од ционистичкиот режим кој мачеше многи наши невини граѓани, изјави Исмаил Багеи, портпарол на министерството за надворшени работи на Иран.
Израел возрати со напади кон објекти позврани со иранската нуклеарна програма, како што се постројките за производство на центрифуги за ураниум.
- Воздухопловните сили продолжуваат да напаѓаат и да ја продлабочуваат штетата врз сите компоненти како што дефиниравме во воените цели. Напаѓаме нуклеарни централи во Бушер, Исфахан и Натанц, а ќе продолжиме да напаѓаме и други објекти.
Шефот на Белата и натаму не открива - ќе се приклучи ли американската војска во кампањата на Израел против Иран. Го одобрил планот за нападот, но се уште не донел конечна одлука. Како потенцијална цел се споменува подземниот нуклеарен објект во Фордо. Постои можност во наредните денови Иран да се обиде да покаже дека е подготвен на договорот за нукеларната програма, со цел да избегне американски напад, вели шефот на Белата куќа.
- Имам идеи што да правам, но не сум донел конечна одлука. Би сакал да ја донесам една секунда пред да биде извршена. Не сакам да се мешам, но веќе 20 години велам, дека Иран не може да има нукеларно оружје. Мораа да потпишат документ.. Беа многу блиску. Препоставувам дека тоа се уште може да се случи, тие сакаат да дојдат и да ме видат, а тоа е голема изјава, изјави Доналд Трамп, претседетел на САД.
Нема да се предадеме во конфликот со Израел, а американската воена интервенција ќе предизвика непоправлива штета, предупреди претходно врхвниот лидер на Иран, Ајталохаот Али Хамнеи. ОН со апели за деескалација и враќање на преговарачката маса. Русија нуди решение за крај на израелско-иранскиот конфликт.
- Апелираме да сите да избегнуваат понатамошна интернационализација на конфликтот. Секако дополнитени воени интервенции би можеле да имаат огромни последици, не само за вклучените, туку и за целиот регион и за меѓународниот мир и безбедност воопшто, изјави Стефан Дужарик, портпарол на генералниот секрате на ОН.
- (Можно е) да се обезбедат интересите на Иран во областа на мирнодопската нуклеарна енергија и во исто време загриженоста на Израел во врска со неговата безбедност би можела да се отстрани. Но, ние не наметнуваме ништо на никого, едноставно разговараме за тоа како гледаме можен излез од ситуацијата, истакна Владимир Путин, претседател на Русија.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар