-->
-->
Во Велес зголемен бројот на цревни заболувања
-->
Во Велес во август во однос на претходните два летни месеци е зголемен на бројот на цревни заболувања-ентероколитиси.
Во текот на август во Велес има регистрирано 138 пациенти со цревни заболувања.
Во изјава за МИА д-р Билјана Трајкова епидемиолог од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, потенцира дека тоа е двојно повеќе пациенти споредено со јули кога биле регистрирани 65 или петтпати повеќе од јуни кога имало реегистрирани 29 пациенти.
- Нема причина за паника. Тоа е вообичаено за летните месеци да преовладуваат овие цревни заболувања со симптоми на повраќање, изнемоштеност и проливи, што се должи на недоволната лична и хигиената на приготвување храна код страна на поединци. Затоа и апелот од мене како лекар епедемиолог до граѓаните е повеќе да внимаваат на хигиената, потенцира д-р Трајкова.
Инаку, во август според евиденцијата на ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес биле регистрирани и четири пациенти со варичела или попозната како овча сипаница.
Регистрирано е и едно лице заболено од бруцелоза, што е втор случај на оваа болест во Велес годинава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ребаланс – па локални избори! Мицкоски најави 3 инвестиции во Штип и над 1.000 вработувања
-
Цените почнаа да растат – дел од маркетите со нови ценовници
-
Преглед на вестите од светот
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување
-
Прв етимолошки речник во македонскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка