Во Тетово зелен билборд - прочистувач на воздух
Германската амбасадорка Кристина Алтхаузер и претставници од НВО „Екосвест“ денеска ќе го промовираат проектот за клима и заштита на климатските промени „City Tree“. Се работи за зелени билборди - прочистувачи на воздухот кои ќе бидат поставени пред Центарот за култура во Тетово и во центарот на Скопје.
„City Tree“ претставува вертикална структура од специфични видови мов со васкуларни растенија кои „јадат“ ситна прашина, азотни оксиди и озон и имаат способност да неутрализираат 240 тони јаглерод диоксид годишно.
Предвидено е на промоцијата да присуствуваат градоначалниците на Тетово и на Град Скопје Теута Арифи и Коце Трајановски и Ана Чоловиќ Лешоска од НВО „Екосвест“.
Проектот е овозможен со помош на средства од фондот за климатски промени при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Набавката на двата билборда ја овозможија компаниите Пакомак, Енерџи деливери солушнс, Еколог, Везешари, ПроКредит Банка, ДХЛ, Кнауф и Де Мед.
Ново на Сител
-
„Мет-гала“: Ријана третпат бремена
-
Герасимовски: Доделуваме 10 илјади денари за возачки испит на младите, безбедноста во сообраќајот е најважна
-
Мерц за шест гласа не успеа да биде избран за канцелар во првиот круг гласање
-
Арсенал заинтересиран за трансфер на Родриго
-
Хамилтон ги критикува перформансите и стратегијата на Ферари
-
Келн го отпушти тренерот пред можното враќање во Бундеслигата
-
Алкалоид ќе го пречека АЕК во „Борис Трајковски“
-
Дембеле се врати на тренинзи по повредата