Во текот на 2019 година 172 сообраќајни акциски контроли во Тетовско
На поширокото тетовско подрачје минатата година вкупно биле спроведени 172 сообраќајни акциски контроли од различен карактер, информира СВР Тетово. Најголемиот број од реализираните контроли лани се однесувале на брзина, техничка исправност на возилата, непочитување првенство, непрописно престигнување, но и на однесувањето на пешаците во сообраќајот.
-Над половината од минатогодишните сообраќајни несреќи на ова подрачје биле резултат на неприлагодена брзина, односно пребрзо возење и неправилно вршење на дејствие. Покрај акциските контроли лани секојдневно се реализирале и редовни, тековни активности, во чие средиште, исто така, биле брзината, управување под дејство на алкохол, непоседување на возачки дозволи, учество во сообраќајот на возачи-почетници спротивно на законските ограничувања и слично, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Вакви и слични активности СВР Тетово ќе има и во текот на 2020 година. До возачите посебно се апелира да внимаваат на брзината со која се движат возилата кои ги управуваат, особено во близина на училишта, а деновиве и на условите на патиштата со оглед на временските услови.
Ново на Сител
-
Во Прилеп се оддржа „Палачинкијада“ и се прогласи првенци на генерација
-
Преглед на вестите од светот
-
ЗНАМ ги соопшти имињата на новите министри
-
Tема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-
Милошоски, Бендевска и Митрески избрани за потпретседатели на Собранието
-
Факултетот на Мерко се уште нема акредитација, а веќе се објавени условите за упис
-
Двојно убиство во Кратово: Жена ги избодела сопругот и свекорот
-
Лога: Уште сум против работата на Судски, ама разрешување не е решение