Македонија
22. јуни 2024 - 16:34

Прилепчани со велосипед од Цирих

Тројца членови на велосипедското здружение „Маркови точакџии“ од Прилеп Филип Илиоски, Влатко Крстески и Христијан Мојсоски направија неверојатен подвиг поминувајќи 1.800 км. од Циришкото езеро до Прилеп за само 2 недели. За овие 14 дена поминаа низ 7 држави и како велат што низ сите временски услови, начекале снег на Алпите и пеколку горештини подолу на Балканот. На планинскиот премин Плетвар ги пречекаа другите членови на здружението.

„Најинтересни делови беа најтешките, преку Алпите, преку Флуела пасс, имаше и снег и рамнини низ Хрватска, доста тешки по 170 или 180 км, досадни ама долги. Имаше секакви ситуации, кризи во екипата, ама се поминавме. Сите временски сезони ги поминавме. Oд 7 степени во Словенија, дожд преку цело време доста ладно, а една етапа е 150 км. Па се до пеколни горештини од Србија наваму на 40 степени. Првично не стартувавме толку рано бидејќи времето не беше жешко, но последниве денови започнавме да тргнувавме од кај 5, па 4, па еве денес од кај 3 часот наутро“, истакна Филип Илиоски, претседател на здружението „Маркови точакџии“ и ученик во подвигот

Се уште под големи емоции велат дека поради големата тежина на подвигот поминале низ различни емоционални кризи, имало и солзи, и радост и смеа, но крај победила упортноста и желбата да се помине оваа дестинација за која се подготвувале 4 години.

„Што да кажам јас сум првиот прилепчанец што на Флуела пасс го истурка точакот, супер беше се имаше и плачење и взобуда и забава“, додаде Влатко Крстески, член на здружението „Маркови точакџии“ и ученик во подвигот.

„Човек кога ќе намисли нешто, кога ќе има некоја цел во животот мора дфа ја оствари, така и турата, беше планирана пред 4 години, но еве сега се реализираше“, изјави Христијан Мојсоски, член на здружението „Маркови точакџии“ и ученик во подвигот.

Илиоски, Крстески и Мојсоски се првите прилепчани кои на велосипед ја поминале оваа дестинација, а можеби едни и од ретките Македонци.