Македонија
22. јуни 2024 - 19:41

Почна расправата за новата влада

Македонија е во клиничка смрт. Не ми требаат 100 дена за меден месец, за работа се фаќаме уште од утре. Идниот премиер најави пеколно темпо во своето експозе кое денеска им го презентираше на пратениците во рамки на седницата која треба да заврши со избор на 20тата македонска влада. 

Повика на обединување со цел да се врати довербата на граѓаните во институциите на системот

Мицкоски рече дека и подава рака на опозицијата за соработка, што не значи дека оној кој сторил криминал ќе се спаси од одговорност.

А опозицијата своите напади ги фокусираше на преспанскиот, договорот со Бугарија и кадровскиот потенцијал на Владата. Од СДСМ Мицкоски го обвинија дека манипулирал пред изборите дека ќе го врати името, додека од Левица дека им крадел проекти од програмата.

Во албанскиот политички блок веќе слушната дебата. ДУИ и натаму се смета за легитимен претставник на Албанците додека од Вреди ги обвинуваат за корупција и изборни нерегуларности

На стартот на денешната седница за збор беа пријавени повеќе од 60 пратеници што гарантира дека денешната седница ќе продолжи и утре кога на полноќ истекува последниот рок за дебата по што мора да има гласање. За да биде избран на Мицкоски му треба поддршка од 61 пратеник. Тоа ќе го направи 13тиот премиер на Македонија а ќе раководи со Влада која покрај него, ќе има уште 23 членови