Македонија
14. February 2022 - 15:29

Во тек скрининг-тестирањето за КОВИД-19 за проценка на имунитетот на населението

Во центарот на Скопје на улица „Македонија“ во тек е скрининг-тестирањето по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на КОВИД-19 има населението во земјава за да и помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните мерки.

За серолошката ковид – анализа на граѓани им се земаат примероци крв.

Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални податоци за имунизацијата во овој момент.