Во Струмица згрижени 50 деца во целодневен престој

Педесет деца на возраст од шест до десет години од четири основни училишта од понеделник се згрижени во целодневен престој во посебна просторија во „Клон 2“ во Детската градинка „Детска радост“ во Струмица.
Децата денес ги посети градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски. Тој истакна дека овој проект бил дел од неговите предизборни ветувања.
- Го вративме целодневниот престој на децата-ученици во основните училишта во општината и убеден сум дека во наредниот период ќе го решиме проблемот со просторот и што поголем број деца ќе бидат вклучени во целодневниот престој, каде што ќе можат да учат и да се дружат во присуство на стручен кадар, изјави градоначалникот Јаневски.
Со учениците во целодневниот престој работат двајца воспитувачи од одделенска настава.
Децата имаат обезбеден превоз од и до училиштата, а добиваат појадок и ручек.
Цената за користење на целодневен престој за еден месец е 1.500 денари.
Ново на Сител
-

Села го напушти Ахмети – пратениците ќе делувале како независни
-

Поплави, одрони, вирови и отежнат сообраќај по обилните дождови во Македонија
-

Се излеа хемиска пена на булеварот во Автокоманда, Ѓорѓиевски соопшти дека го пронашле сторителот
-

Љубојно 100 дена со протести се спротиставува на сечата
-

Преглед на вестите од светот
-

35 лица седнуваат во судница, почнува судењето за пожарот во Kочани
-

ВМРО-ДПМНЕ бара реформирање во судството
-

Зголемен водостојот на Вардар и Радика, УХМР апелира на внимателност
