Македонија
22. November 2025 - 13:16

Во Струга приведен крадец баран за затворска казна од три години

На 21.11.2025 во 16:10 часот на улицата „Димитар Влахов“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга од слобода го лишија А.С.(21) од Скопје, врз основа на издадена наредба од Основниот суд Скопје 1 за издржување казна затвор во траење од три години за сторени кривични дела „тешки кражби“. 

А.С. е предаден на Казнено поправната установа „Затвор-Скопје“ за издржување на затворската казна.