-->
-->
Во сообраќајна несреќа загина аргентинскиот министер за сообраќај
-->
Аргентинскиот министер за сообраќај Марио Меони синоќа загина во сообраќајна несреќа, откога изгубил контрола врз службениот автомобил, со кој самиот управувал.
Меони загина на околу 100 километри западно од Буенос Аирес. Несреќата се случи на дел од патот, на кој самиот Меони учествуваше на почетокот на работите, во октомври минатата година, кога Владата на Аргентина одлучи да го претвори во автопат со четири ленти. Меони предупредуваше дека на таа делница е многу опасна.
Министерот сам патуваше во својот роден град Хунин, чиј градоначалник беше трипати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
Започна изградбата на македонско-грчки граничен премин „Маркова нога“