Во Собранието седници на две комисии
Во Собранието денеска седница ќе одржат Комисијата за образование, наука и спорт и Законодавно правната комисија.
Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе дискутираат по Предлог на законот за средното образование и Предлог на законот за стручно образование и обука, и двата во прво читање.
На дневен ред на седницата на Законодавно правната комисија се неколку точки - Предлог на законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, Предлог на законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, Предлог на законот за Канцеларија за поврат на имот, Предлог на законот за финансиски инструменти, Предлог на законот за проспекти и обврски за транспарентност за издавачите на хартии од вредност, Предлог на законот за виното, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, Предлог на закон за правда на децата, сите во прво читање и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за академија за судии и јавни обвинители и Предлог на законот за рибарство и аквакултура, и двата по скратена постапка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга