Во Скопје се одржува дводневен саем „Запознајте ја Пелагонија“
Традиционална храна, познатиот крушевски локум, македонски везови и рачни изработки, како и многу други производи карактеристични за Пелагонискиот регион се дел од саемот „Запознајте ја Пелагонија“ што денеска и утре се одржува во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во Скопје.
На саемот се присутни околу 20 претставници на малите бизниси од овој регион, а организаторите очекуваат саемот во иднина да добие традиционален карактер.
- Се надеваме дека ова би прераснало во традиција и секоја година да имаме што поголем број изложувачи, изјави Марина Тошевска од локалната акциска група „Агро лидер“ од Кривогаштани, која е еден од организаторите на саемот.
Саемот се одржува со поддршка од УСАИД и Швајцарската амбасада, а целта е да се промовираат малите бизниси од оделни региони.
Ново на Сител
-
Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат
-
Одложена Комисијата за надзор на АНБ
-
Левица објави 5 кандидати за скопските општини
-
Лекарска комора ќе прави вонреден стручен надзор по добивање на документацијата за 8-те сомнителни случаи
-
Вардариште повторно гори, партиите се препукуваат