Во Скопје е пронајдена малолетничката за која беше пријавено дека била одземена од Охрид
На 22.08.2025 во 16:50 часот во СВР Охрид, Е.А.(45) од Струмица пријавил дека од домот во кој привремено престојуваат во Охрид од пред два дена се оддалечила неговата ќерка Ј.А.(14) од Струмица.
Според пријавеното, на 21.08.2025 на социјална мрежа Фејсбук тој добил порака од женско лице од Скопје, кое му кажало дека неговата ќерка е кај неа дома, дека доброволно и сама дошла во нејзиниот дом и дека ќе ја мажела за нејзиниот брат. Исто така, според пријавеното, тој се сомнева дека неговата ќерка сама отишла во Скопје затоа што немала пари кај неа, односно дека била измамена од лицата и на тој начин била однесена во Скопје.
По преземени мерки и активности малолетничката била пронајдена во Скопје, а поради сомнение дека го сторила делото, на 22.08.2025 околу 22.30 во полициска станица бил извршен службен разговор со Р.Б.(20) од Скопје.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години