Свет
17. November 2020 - 13:50

Во Сибир забележана нова мутација на коронавирус

Мутациите на коронавирусот се појавуваат во Сибир, изјави директорката на Агенцијата за заштита на здравјето на потрошувачите „Роспотребнадзор“, Ана Попова.

„Забележавме одредени промени во Сибир кои ни дозволуваат да претпоставиме дека во тој регион се формира нов вид со одредени мутации“, потенцира Попова.

Таа не објави други детали за тоа колку е заразна или смртоносна мутацијата, но истакна дека вирусот не е поопасен.

Попова потврди дека се во тек пробите на втората вакцина против Ковид-19, на чиј развој работел Државниот научен центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ од Сибир.

Генералниот директор на научниот центар „Вектор“, Ринат Максјутов, рече дека мутациите на коронавирусот не влијаат на ефективноста на вакцината.