Во Штип одбележани 74 години од депортацијата на Евреите

Со положување цвеќе пред споменикот на Холокаустот и седница на Советот на општина Штип денеска беа одбележани 74 години од депортирањето на 553 Евреи кои на 11 март 1943 година беа однесени во концентрациониот логор Треблинка.
Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев истакна дека градот Штип има голема одговорност кон Еврејската заедница, посочувајќи дека минатата година е завршен патот до Еврејските гробишта во Штип, целосно е уреден просторот околу нив, а обновен е и споменикот посветен на Евреите кои биле убиени во Треблинка.
- Споменот за Евреите во нашиот град мора да го чуваме, не само преку овие настани. Затоа што не смееме да дозволиме денес во 21 век, по 75 години од завршувањето на Втората Светска војна, на нашите простори на некој да му сметаат симболите на револуцијата, слободата, местата означени како терор, како насилство, рече Захариев.
Пепо Леви од Еврејската заедница во Македонија посочи дека при депортацијата се спасиле само неколкумина Евреи од Штип.
- Поминаа 74 години. Градот Штип, нивните роднини, Република Македонија и светот не ги заборавија залудните жртви на сулудиот нацизам. Таа трагедија го сплоти македонскиот и еврејскиот народ. Направи нераскинлива врска меѓу двата народи за да живеат во слога, мир и хармонија, рече Леви.
Во Штип денеска беше отворена и изложба „Холокаустот низ призмата на детските очи“.
Ново на Сител
-

Директорот на Комунална си поднесе оставка, судот му одреди 30 дневен притвор на него и на раководителот на секторот за отпад
-

Тема на денот со Дејан Митески, кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ во Општина Аеродром
-

Мозочниот удар е најчеста причина за смрт во Македонија - за успешно лекување најважно е рано препознавање на знаците
-

По СЕПА следниот чекор ТИПС - нов систем за инстант плаќања
-

Обвинителството бара притвор за директорот на Комунална хигиена поради несобирање на ѓубрето во Скопје
-

Нова еколошката закана за Вардар: Граѓаните згрозени, дали институциите преземаат мерки?
-

ДИК: Избрани 44 градоначалници во прв круг, гласање во втор круг во 33 општини
-

3 дена до изборен молк, кандидатите ја бараат поддршката со конкретни проекти
