Во Штип 20 лица од ромската заедница немаат документи за лична идентификација
Согласно Законот донесен 2018 година досега 20 лица се пријавиле како неевидентирани во Општина Штип. Мабера Камбери раководител на Сектор за координација и техничка поддршка во Министерството за труд и социјална политика вели дека допонително ќе се работи и за останатите да може да добијат лични документи и со тоа да ги остварат четирите основни човекови права.
Причините зошто овие лица не се евидентирани се распределени во осум категории и се најразлични. Но, факт е дека лицата со години живеат невидливо односно не се евидентирани дека се наоѓаат на пример на подрачјето на Штип. Ерол Адемов вработен во Општина Штип вели дека теренското попишувањето на ромското население во Штип ќе помогне значително за пронаоѓање на ваквите лица. Посочи дека официјалната бројка на лица кои не се евендитирани во матичната книга на родени е поголема и според нивни проценки се околу 60 граѓани.
-Имаме дечиња кои се родени во странство и не се пријавени во Управата и тука се соочуваат со проблем со оставрувањето на нивните права, вели Адемов.
Според него, социјалната состојба на овие лица е причина што не можат да ги водат постапките низ институциите. Во изминатиот период само на едно лице му е решен проблемот и со добивањето на лична карта за институциите и заедницата не е фантом.
Ново на Сител
-
СДСМ вечерва ќе ја финализира листата за градоначалници
-
Teма на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-
Атентат врз поддржувачот на Трамп, Чарли Кирк
-
Дрисла се уште го гуши Скопје
-
Пратениците влегоа и во Разузнавање – Документи не добија на увид
-
Црвените линии на Филипче идната недела во Собранието
-
Стевчо Јакимовски ќе трча за 5. градоначалнички мандат, СДСМ вечерва ќе ја финализира листата на имиња
-
Од 12 октомври нови правила за влез и излез во ЕУ и за Македонците – регистрација на граница со отисок и фотографија