Стевчо Јакимовски ќе трча за 5. Градоначалнички мандат, СДСМ вечерва ќе ја финализира листата на имиња
Стевчо Јакимовски по петти пат ќе ја бара довербата од граѓаните на скопски Карпош. Денеска ја официјализираше својата кандидатура. Во градоначалничката трка ќе се соочи со докторката Маја Мојсова кандидатка на СДСМ, Сотир Лукрoвски кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Антонио Димитров кандидатот на Левица.
Доколку повторно добие мандат, Јакимовски вети дека врвен приоритет за решавање ќе биде паркирањето во Карпош, а фокус ќе става и на подобрување на хигиената и зеленилото во градот. Неговата партија ќе има и свој кандидат за градоначалник на Град Скопје.
Во меѓувреме вчера од ВМРО-ДПМНЕ ја комплетираа листата на кандидати за градоначалници. Праничката Бети Стаменкоска Трајкоска ќе трча за Кисела Вода, Мирослав Славковски за Старо Нагоричане, Илија Тентов за Дојран, Сашко Велјановски за Долнени и Даниел Павловски за Ранковци.
Во Кочани ќе го поддржат натпартискиот кандидат докторот Влатко Грозданов. Денеска повик од премиерот до сите партии да го сторат истото. Од СДСМ вечер носат одлука за Кочани.
Седницата на ИК на СДСМ е закажана за во 20 часот, по што се очекува од партијата да ја финализираат листата на кандидати за градоначалници на претстојните локални избори.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар