Македонија
12. September 2025 - 8:33

Дел од општините Аеродром и Центар без вода

Без вода денеска од 8:00 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Пандил Шишков“ висока зона, од број 1 до број 49, „Вангел Тодоровски“, „Руди Чаевац“ и Коста Новаковиќ“ во општина Аеродром.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок на улица „Пандил Шишков“ број 9.

Поради изведување водоводен приклучок на улица „Мирче Ацев“, денеска од 8:30 часот без вода ќе останат корисниците од булевар „Кочо Рацин“, од улиците „Славко Јаневски“ (по старо „Стив Наумов“), „Тетовска“, „Славе Георгиевски – Шнајдерот“ и дел од булеварот „Крушевска Република“.

Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато до санирање на дефектите.

 

МИА