Свет
26. February 2023 - 10:57

Во САД во 2023 година од огнено оружје загинале 6.278 луѓе

Во првите два месеца од 2023 година во САД од огнено оружје биле убиени 6.278 луѓе, што е во просек по 116 луѓе дневно, според непрофитната организација „Gun Violence Archive“.

Најголем број на смртни случаи поврзани со оружје се самоубиства - 56 отсто, или 66 дневно. Меѓу убиените од оружје имало 227 тинејџери и 36 деца.

Најголем дел од смртните случаи се во сојузните држави Тексас, Калифорнија, Флорида, Џорџија, Северна Каролина, Илиноис и Луизијана.

Во  билансот се вклучени и смртни случаи во кои полицијата убила 196 лица, додека 52 биле убиени по „ненамерно“ пукање.

Во 2023 година имаше и 84 масовни престрелки - загинаа 126 лица, а 336 беа ранети.