Македонија
30. December 2024 - 12:42

Земјоделците ја поздравија исплатата на заостанатите субвенции

Од потсекторската група за градинарство ја поздравија исплатата на заостанатите субвенции кон земјоделците. Велат средствата доаѓаат во вистински момент, посебно за градинарскиот сектор кој се наоѓа во фаза на подготовка на новата реколта и во период  кога се потребни големи средства за набавка на репроматеријали. Апелираат до надлежните институции ова да премине во пракса и најавуваат иницирање  средба со сите потсекторски групи на кои ќе се утврди календар и рокови за исплата на државната поддршка.

Освен навремена исплата на субвенциите,  земјоделците  предлагаат и законски измени  со кои нивните приходи на сметките  нема да бидат лимитирани на 2 милиони денари со што ќе се овозможи поголема флексибилност и развој на земјоделските стопанства. Сметаат дека со измените,  земјоделците ќе можат да генерираат поголеми приходи без да се ограничени со горната граница, но исто така ќе добијат поттик  да инвестираат во модернизација, нови технологии и зголемена продуктивност, што е клучно за одржливиот развој на земјоделството во земјата.

Освен за институциите, претседателот на потсекторкста група со порака и до земјоделците. Добиените средства да се реинвестираат во новото производство, а не да се користат за покривање на режиски трошоци.Според него, ако средствата не се користат за вистинската намена нема да го имаат посакуваниот ефект.