Loading Video...
Балкан
30. December 2024 - 16:39

Преглед на вестите од светот

14 години и 5 месеци затвор за Владимир Кецмановиќ, три години затворска казна за Милјана Кецмановиќ. Вишиот суд  во Белград  ја објави пресудата за родителите на момчето кое на 3 мај 2023 година во основното училиште Владислав Рибинкар во Белгард со огнено оружје уби девет соученици и еден чувар, а рани уште пет ученици и еден наставник.

Коста Кецмановиќ злосторството го изврши со два пиштола  на татко му. Владимир Кецмановиќ е осуден за кривично дело предизвикување општа опасност бидејќи неправилно чувал оруќје и мунуција и на тој начин му овозможил на својот тогаш 13 годишен син да изврши масовно убиство, како и запуштање и малтретирање на малолетно лице. Ја доби максималната каза што може да му биде изречена за делата за кои се товареше. Таква казна бараше и обвинителството.

Мајката на Коста е осудена за  запуштање и малтретирање на малолетно лице, а беше ослобедена од обвинението за недозволено држење, носење и пуштање во промет оружје и експлозивни материи. Обвинителството за неа бараше вкупна казна од пет години и пет месеци. Коста во оваа постапка беше сослушан, по што беше проширен обивнителниот акт против неговите родители за запуштање и малтретирање на своето дете - мајката постојано барала да биде најдобар во училиште а татко му го учел да пука.

Казна од 15 месеци доби Инструкторот на стрелиштето каде момчето научи да пука Немања Маринковиќ, за давање лажен исказ, тврдел дека Коста не учел да пука на стрелиштето. Предлогот на обивнителството беше три години затвор.

Одбраната и обвинителството имаат право на жалба до Апелациониот суд. Обвинителството е задоволно во делот од пресудата за кривчното дело запуштање и злоставување на малолетно лице, но ќе поднесе жалба за отфрлениот дел од обивниенеито за Милјана и за висината на казната за инструкторот. И одбраната најави жалба на пресудата.

Се огласи и адвкататот на семесјтвата на жртвите.

-Ние сме осудени на доживотна тага, изјави Анѓелко Аќимовиќ, татко на убиено дете.

Против Коста, кој го изврши масакрот нема кривична постапка. Пред законот тој не одговара за масовното убиството бидејќи во моментот на делото имал помалку од 14 години. Коста е сместен во специјална психијатриска болница од денот кога го изврши злосторството, 3 мај.