Јотова победи на претседателските избори во Бугарија
Кандидидтската двојка Илијана Јотова и Кирил Валчев победија на изборите за претседател и потпретседател на Бугарија со 57,58 отсто од гласовите. Андреј Ѓуров и Георги Кандев добија 39,47 проценти. Ова го покажуваат податоците на Централната изборна комисија (ЦИК) при обработени 99,95 отсто од записниците, што беа објавени на нејзината веб страница во 7:30 часот, по локално време. За Јотова и Валчев гласале 1.093.564 избирачи, а за Ѓуров и Кандев – 749.543. Опцијата „Не поддржувам никого“ ја избрале 2,95 отсто од избирачите или 56.070 луѓе. Јотова на прес-конференцијата одржана синоќа по завршувањето на вториот круг од изборите изрази благодарност до сите бугарски избирачи и посебна благодарност упати до бугарскиот премиер Румен Радев.
Пред кратко време, г-дин Ѓуров ми се јави да ми честита за победата. Тој изрази уверување дека ќе бидам достоен претседател - способен да воспостави дијалог со сите. Разговаравме со бугарските граѓани за прашањата што влијаат на нивниот секојдневен живот. Разговаравме за приходите, мирот и предизвиците со кои се соочуваме; денес, тие ја разбраа нашата порака.“
Ги прифаќаме резултатите какви што се, колку и да се изненадувачки, со оглед на разликите помеѓу излезните анкети и паралелното пребројување на гласовите. На крајот на краиштата, вака гласаа бугарските граѓани.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и ја честиташе победата на Јотова.
- Во име на македонските граѓани и од мое лично име им ја честитам изборната победа на претседателката Илијана Јотова и потпретседателот Кирил Валчев. Успехот на претседателката Јотова ја одразува волјата на бугарскиот народ. Уверена сум дека за време на нејзиниот мандат, Бугарија ќе одигра конструктивна улога во нашиот регион и во Европа - напиша претседателкат на мрежата „Х“.
Претседателката изрази уверување дека ќе ја продолжат меѓусебната соработка со меѓусебна почит, отворен дијалог и искрено партнерство.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
