Во сабота отворање на петтата сезона на аква паркот во Скопје

Од сабота 10 јуни започнува со работа петта сезона на „Вип Аква парк“, кој се наоѓа во комплексот на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“. Аква паркот и оваа година ќе понуди многу содржини за забава меѓу кои базенот со бранови, бумерангот, мрзливата река, спеј балот...
Како што информираат до Спортскиот центар понуда е адаптирана спрема можностите и потребите на граѓаните, а за безбедноста на посетителите оваа година ќе се грижат 34 лиценцирани спасители од Црвениот крст, вклучувајќи и медицинска екипа.
Цената на Билетите е иста како лани, односно дневен билет ќе чини 300 денари, а ќе се нуди и фамилијарен пакет за четири лица за 1.000 денари. Влезница за деца под 13 години ќе чини 200 денари, а влезница за деца под 4 години е бесплатна. За групни посети над 30 лица се добива попуст од 30 проценти. Аква паркот ќе работи секој ден од 10 до 20 часот, а неговиот капацитет е ограничен на 1.000 посетители, поради пропишаните нормативи за безбедноста и удобноста на посетителите. Во рамките на аква паркот ќе работат и три кафулиња и еден ресторан.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

За 12 часа 65 000 прекршоци регистрираше Сејф Сити
-

Повеќе од 70 родители на ученици од „Димо Хаџи Димов“ преку петиција бараат гаранции за хигиената
-

Стигнаа предлозите од Мицкоски - Муртезани ќе се разреши, Сали - вицерпемиер, Хоџа министер за животна средина
-

Берлински процес и реформска агенда: Парламентот клучен, имплементацијата на реформи слаба
-

Пензионери на протест пред Уставниот суд
-

Околу 200.000 граѓани не добија поврат на ДДВ, УЈП вели парите ќе им бидат исплатени без да каже кога
-

Синдикатот на Клинички не се согласува со најавите на министерот за прераспределба на медицински персонал
