Во Радовиш приведени две лица сторители на 14 тешки кражби
Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш во Радовиш ги лишија од слобода лицата С.Р.(32) и С.А.(28) и двајцата од Радовиш.
Како што информира МВР, лицата се осомничат дека во текот февруари, март и април годинава извршиле 14 кривични дела „тешка кражба“ во колонијални продавници и маркети во населени места на подрачје на Струмица. Констатирано е и дека извршиле три кривични дела - „одземање на моторно возило“, од кои две во Радовиш и едно на подрачје на Штип.
На 2 мај 2025 година врз основа на судски наредби биле извршени претреси во домовите на лицата, при што биле пронајдени предмети кои што ги одзеле при вршење на тешките кражби, како и делови од облеката што ја носеле при вршење на делата. Со лицата биле извршени службени разговори, при што С.А. признал дека учествувал во дел од извршените кривични дела.
Лицата се задржани во Полициска станица и бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По преземените мерки С.Р. врз основа на судска наредба на Основен суд Радовиш бил спроведен во Затвор Струмица за издржување казна затвор за кривични дела кои ги имал сторено претходно.
По целосно документирање на случаите против лицата ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство.
Ново на Сител
-
Во Ниш ќе се одбележи Денот на македонскиот јазик
-
Претреси во Кочани, пронајдена дрога, приведени пет лица
-
Телескопот „СФЕРЕКС“ на НАСА почна со целосно мапирање на небото
-
Истече дисквалификацијата на Синер
-
Лицата со дијабетес бараат инсулински пумпи за сите лица кои имаат дијабет тип 1
-
Минатата недела казнети 114 возачи кои непрописно ги паркирале возилата во општина Центар
-
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
-
Без струја ќе останат дел од корисниците во општините Кисела Вода и Ѓорче Петров