Во првите шест месеци годинава вкупно се собрани 20.692 единици крв, 165 единици тромбоцитен концентрат и 61 единица конвалесцентна плазма

Во првите шест месеци од оваа година вкупно се собрани 20.692 единици крв, 165 единици тромбоцитен концентрат и 61 единица конвалесцентна плазма.
Министерството за здравство во денешното соопштение упатува благодарност до сите крводарители, дарители на тромбоцити и дарители на конавелесцентна плазма и подвлекува дека тие се херои на денешно време. Од Институт за трансфузиона медицина порачуваат „Дарувај, биди хуман, биди херој!“
Оваа година човештвото се соочи со глобалниот предизвик, пандемијата предизвикана од коронавирусот, стои во соопштението и додава дека со цел да се сочува здравјето беа превземени низа мерки и правила.
– Во насока на олеснување на пристапот ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина заедно со Црвен Крст на Република Северна Македонија се реорганизираа во однос на крводарувањето во земјата, со цел да се запазат највисоките мерки за заштита на карводарителите и здравствениот персонал, а притоа да се обезбеди континуиран прилив на крвни единици за одржување стабилни количини на крвни продукти, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.
Институтот е во постојана комуникација со Министерството за здравство за состојбата со крвни продукти, а исто така постојано ја следи епидемиолошката состојба во земјата за безбедно спроведување на крводарителските акции, избегнувајќи ризични подрачја опфатени со поголем број на инфицирани.
– Во изминатите шест месеци успешно се надмина состојбата, односно се обезбеди континуиран прилив на крвни единици со што се избегна можноста да чуствува недостаток на крвни продукти за потребите на витално загрозени пациенти. Тоа не беше случај скоро со сите земји околу нас и подалеку кои јавно се произнесеа за видниот недостаток на крвни продукти, се оценува во соопштението од МЗ.
Ново на Сител
-

Возач на Бит Пазар нападнал 14-годишно момче, па ја одвел неговата 16-годишна сестра во непознат правец
-

Охриѓанец со остар предемет нападнал сограѓанин и тешко го повредил
-

Кривична за 16-годишник од Скопје, поседувал пиштол и муниција и ги носел со себе
-

Издадени приближно 40.000 студентски ваучери за електронски уреди, рокот за аплицирање е до 20 декември
-

Во угостителски објект во Свети Николе затекнати 26 малолетници после 24:00 часот, од нив 14 под дејство на алкохол
-

Германски научници открија антитело против ХИВ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче направи хаос па сега изигрува жртва
-

Истрагата за пожарот во Хонг Конг откри небезбедна мрежа на градилиште, уапсени 11 лица
