Македонија
1. December 2025 - 16:39

Повеќе од 70 родители на ученици од „Димо Хаџи Димов“ преку петиција бараат гаранции за хигиената

Родителите на голем број ученици од О.У Димо Хаџи Димов нема да ги пуштаат своите деца на училиште дури не добијат гаранции дека училиштето ги исполнува хигиенските услови. Тие од утринава потпишуваат петиција во која бараат гранции за спроведените контроли, потврда дека кујната, училниците се согласно санитарните стандарди и дека здравјето на нивните деца не е во ризик, вели за Сител родителот Ванчо Самарџиев, чии две деца учат во Димо Хаџи Димов.

Директорката на улилиштето вели дека се е дезинфицирано, учениците се враќаат на настава и денеска нема голем број на отсуства. Ги почитуваат протоколите кои им ги дале за како и со кои средства да се чисти училиштето. 

Состојбата и на детската клиника се подобрува. Директорот Мемеди вели во моментов има уште четири дечиња од ова училиште, но најголемиот дел ќе ги пуштат дома уште денеска. Викендов немале нови случаи на ученици со дијареа, повраќање и болки во стомакот од Димо Хаџи Димов. 

Институтот за јавно здравје утврди дека на три чешми во училиштето и во мусаката имало фекални бактерии, кои се појавуваат поради нехигиена. Дополнително неколку деца имале и норовирус, а една вработена бактерија. Сите овие причини предизвикале кај децата да се јават силни болки во стомакот, дијареа и повраќање.