Во прилепскиот театар се подготвувува претставата „Семејни приказни“
Ансамблот на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ги почна подготовките за претставата „Семејни приказни“ во режија на Милош Б. Андоновски. Сценографијата е на Наташа Вчкова, костимите се на Марта Дуфне Јосифовска, а во претставата играат: Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчески, Катерина Чакмакоска Клинческа и Димитар Црцороски.
Во текстот на српската драмска авторка Биљана Србљановиќ станува збор за игра на четири деца во која постепено се откриваат лични семејни приказни, односот на родителите, семејното насилство, политичките метастази, како и целиот општествен контекст, воопшто.
Претставата „Семејни приказни“ е прв професионален ангажман на режисерот Андоновски во прилепскиот театар. На прилепската публика, тој прв пат, ѝ се има претставено со својата дипломска претстава „Поблиску“ според текстот на Патрик Марбер, во 2015 година, во „Офф програмата“ на МТФ „Војдан Чернодрински“.
Подготовките за претставата „Семејни приказни“ ќе се интензивираат по Велигденските празници, а премиерата се планира во месец јуни.
Ова е втора претстава од годинашнава програма на која работи прилепскиот театар. Се подготвува и претставата „Арапска ноќ“ во режија на Зоја Бузалковска, а премиерата е во мај.
Ново на Сител
-
30 дена од трагедијата во Кочани
-
Продолжува владината посета на ОАЕ
-
Таравари останува во Вреди, но сам ќе оди на избори
-
Од петок трговците ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Отворен и кариерен ден на УГД– Штип и Стопанска комора на Македонија
-
Фондацијата Елеуса обезбеди Велигденски пакети за над 200 семејства
-
Преглед на вестите од светот
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди