Во Прилеп почнуваат чествувањата за Карпалак
Во прилепската касарна „Мирче Ацев“ вечер од 18 часот ќе почне одбележувањето на 24-годишнината од загинувањето на 10 прилепски бранители. На 8 август 2001 година, конвојот на АРМ беше нападнат кај месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово кога беа убиени 10 воени резервисти од прилепската касарна.
Бројни делегации, претставници на семејствата на загинатите ќе положат свежи цвеќиња и ќе им оддадат почит на загинатите пред спомен обележјето во касарната.
Со ова почнуваат годинашните оддбележувања на 24-годишнината од загинувањето на бранителите кај Карпалак. Централното чествување ќе биде утре од 13 часот пред споменикот Карпалак во центарот на Прилеп. Прилеп ќе се сеќава на Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Горан Миноски и на Пеце Секулоски.
Вечер од 19 часот ќе биде посетено и спомен обележјето на загинатите бранители во селото Лениште, а во манастирот „Света Петка“ ќе се одржи вечерна богослужба.
Утре изутрина ќе бидат посетени вечните почивалишта на загинатите во Прилеп и во населените места, а делегација ќе ја посетти и месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово каде во заседа на армискиот конвој беа убиени 10 воени резервисти од прилепската касарна.
МИА
Ново на Сител
-
Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18-ти по ред „Марш на ангелите“
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур