Македонија
16. August 2025 - 16:30

Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ќе расправа за еден од најгорливите еколошки и здравствени проблеми депонијата во Струга .

Адвокатите од Струга заедно со Здружението на млади правници ја поднесоа апликацијата во мај, откако домашните судови се прогласија за ненадлежни.

Ќатоски вели дека остануваат целосно посветени на правната борба за Заштита на животната средина,и здравјето и правата на жителите.

Депонијата како што велат загадува со над 40.000 тони отпад годишно, без никаква контрола врз видот на отпадот.

Граѓаните години нанзад се жалеа поради загадувањето и непријатниот мирис од депонијата која се наоѓа на стотина метри од влезот на градот и бараа нејзино затворање.