Во Охрид 51. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура
Во Охрид денеска ќе биде отворен 51. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура и 45. Меѓународна научна конференција, во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Како што информира организаторот, овие важни меѓународни манифестации одиграа голема улога во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура низ целиот свет.
На Меѓународниот семинар досега учествувале над 4.300 учесници од над 50 држави, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик низ лекторатите во светот.
Семинарот, како што се наведува, својата стручно-научна дејност на подрачјето на македонистиката ја започнал скромно, а до денес непрекинато се развива и израсна во афирмирана наставна, научна и културна институција единствена од ваков вид во Македонија и стана ценет славистички центар.
Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура ќе се одржува до први јули во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид.
Ново на Сител
-
Изборна кампања
-
Ќе се реновира железничката станица во Скопје
-
ММФ предвидува раст на македонската економија од 3,4% годинава
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателот на Словачка Петер Пелегрини во официјална посета на Македонија
-
Фон дер Лајен утре во Скопје, најавува фабрики за вештачка интелигенција во Македонија и Србија
-
Уште 4 дена предизборна кампања, Мицкоски и Филипче си разменуваат обвинувања
-
Пакет мерки за пензионерите најавува Орце Ѓорѓиевски