Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој денеска се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг во Москва, изјави дека е горд на нивниот одличен однос и целокупната соработка.
„Важен ден за нашата Србија! Имав чест да се сретнам со претседателот на Народна Република Кина, пријател на Србија, Си Џинпинг. Горд сум на нашите одлични односи и целокупната соработка“, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“.
Тој додаде дека средбата е можност за понатамошно зајакнување на, како што изјави, челичното пријателство во духот на меѓусебното почитување и заедничката цел за просперитет на нашите народи.
„Многу сум благодарен за поддршката на Кина за нашите суштински национални интереси. Покрај прославата на Денот на победата, разговаравме за клучни теми во областа на економската соработка и инфраструктурните проекти. Нашата соработка стана уште посилна во последните години и верувам дека таа ќе донесе уште многу позитивни резултати за двата народа во иднина“.
Претседателот на Србија му се заблагодари на кинескиот претседател за негова поддршка и помош за Србија, како економска, така и политичка.
Вучиќ и Си беа на парадата по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна. Во Москва попладнево се очекува средба на Вучиќ со претседателот на Русија, Владимир Путин.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко