Во Маврово над 30 сантиметри снег, вработени во НП Маврово ги чистат паднатите дрвја | ФОТО
Врнежите од снег кои го зафатија мавровскиот крај, предизвикаа проблеми во сообраќајот и на одредени сообраќајници има паднати дрвја. Екипи со вработени во Националниот парк „Маврово“ од синоќа ги расчистуваат коловозите.
-Во текот на вчерашниот ден и синоќа вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово“ со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрвја кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово - Дебар и околу Мавровското Езеро. Причина за паднатите дрвја е снегот кој врнеше во текот на целиот ден, наведуваат од НП Маврово.
Оттаму посочуваат дека се општествено одговорна институција, која се става во служба на граѓаните.
Според информациите кои ги соопштија, претпладнево во околината на Маврови Анови и околните населени места, снежната покривка достигнува триесетина сантиметри.
МИА
Ново на Сител
-
Маж во Ѓорче Петров ја тепал и давел својата партнерка која од повредите изгубила свест
-
Пет држави, еден тим: Кога продажбата не знае за граници, различностите создаваат резултати
-
Апел за донации за лекувањето на студентот Спасение Анчески во Загреб
-
Тепачка во Виница, едно лице завршило на Клиника во Скопје
-
Наставник физички нападнал ученик во Кисела Вода
-
Тешко повреден полицаец откако во него удрило патничко возило
-
Прегазен пешак во Охрид
-
ДИК ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче