Во март повеќе туристи од лани
Во март годинава во Македонија се евидентирани 44.593 туристи кои оствариле 94.566 ноќевања, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на туристите во однос на март лани е зголемен за 23,3, а на ноќевањата за 25,8 отсто. Зголемувањето кај домашните туристи е 23,2, а кај странските 23,4 проценти.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи, пак, е поголем за 39,2, а на странските туристи за 17,3 отсто.
Во периодот јануари-март 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16,7 отсто и тоа кај домашните за 18,4, а кај странските за 15,8 проценти.
Во периодот јануари-март годинава бројот на ноќевањата е зголемен за 21 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 29,5 проценти, а кај странските за 15,1 отсто.
Ново на Сител
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје
-
Родителите на децата Македонци при упис во училиште, не ја почитуваат реонизацијата
-
Филипче ги отфрла обвинувањата за таен план со ДУИ за хаос на изборите
-
Волонтерите од струмичкиот Црвен крст собираат училишен прибор за децата од социјално ранливите семејства
-
Пчеларите бараат повисоки субвенции