Во Куманово за претседателските избори, излезеноста до 17 часот e 37,66, за парламентарните е 44,82 отсто
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), во Куманово за Претседателските избори, излезеноста до 17 часот e 37,66, за Парламентарните е 44,82 отсто. Во Липково според ДИК излезеноста за Претседателските е 6,48 за Парламентарните 35,88 проценти. Во Старо Нагоричане пак за Претседателските е 46,17 додека за Парламентарни изнесува 46,72.
Во Куманово според податоците на ОИК право на глас за Претседателските избори имаат 93.508, додека за Парламентарни 93.635 избирачи кои гласаат на 167 места.
Во Липково, за Претседателските избори евидентирани се 26.030 гласачи, за Парламентарните 26.024 гласачи кои гласаат на 36 избирачки места соопштија од ОИК Липково. Во Старо Нагоричане има 3.043 гласачи за Претседателски, а за Парламентарни 3.046 кои гласаат на кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ги опслужуваат 36 избирачки одбори.
Ново на Сител
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро
-
Модернизација и поголема финансиска поддршка, услови за напредок на македонското земјоделство