Во Куманово вчера гореа сува трева и стрништа на 12 разлчни локации
Територијалната противпожарна единица Куманово (ТППЕ) Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирала дванесет пати на пожари во кои била зафатена сува трева и стрништа на различни локации во градот и околината, информираше денеска командирот Дејан Илиевски.
Во пожарите кои се случиле на различни локации во градот и околината, најчесто горела сува трева и стрниште, но пожар бил регистриран и во напуштено лозје во село Љубодраг каде горела површина од околу 50 хектари, инфгормира Илиевски. Пожарникарите на овој пожар интревенирирале од 19 до 23 часот.
- Во текот на вчрешниот ден бележиме најголем број интервенции од почетокот на летото, но сепак во изминатите години за дванаесет часа сме имале и по 20-тина пожари. Искуството покажува дека во најголем број случаи човекот е причина за настанување на пожари на отворен простор, изјави Илиевски.
Првите две интервенција ТППЕ ги бележи во 10 часот на градската депонија и кај поранешниот хотел „Ку-Ба“. Екипа на противпожарната единица интервенирала и на опожарено стрниште во кумановското село Речица, а околу пладне и во близина на авто школата во Куманово. Сува трева вчера горела и кај поранешната фабрика „Киро Фетак“ во приградската населба „Ајдучка Чешма. Во атарот на село Речица, ТППЕ интеревнерирала уште еднаш во текот на денот, во попладневните часови. Последните интервенции ТППЕ ги регистрира на Пчињски пат и во селото Костурник, каде горела сува трева и стрниште.
Ново на Сител
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток