-->
-->
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 48 пациенти, а вкупно се лекуваат 476 болни
-->

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 25 приеми и тоа петмина пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, девет во ковид центарот на Клниката за Неврологија, тројца нови болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, исто толку и на Клиниката за нефрологија и петмина болни на Клиниката за очни болести.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 11 приеми во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, а на Клиниката за очни болести 15 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациенти, од кои 10 деца и 21 возрасен.
Вкупно 476 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.
Се очекува во текот на наредните два дена да почне со работа и ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари