Во Кавадарци изложба на фотографии на Жереми Бишолц од Франција
„Скопје низ објективот на еден млад француски фотограф” е насловена изложбата на фотографии на Жереми Бишолц од Франција, која денеска беше отворена во музеј галеријата во Кавадарци.
Посетителите имаат можност да погледнат 32 уметнички фотографии кои го отсликуваат главниот град на Македонија.
Директорот на кавадаречкиот музеј, Петре Камчевски нагласи дека со Францускиот институт во Скопје имаат добра и богата соработка. Како плод на таа соработка, рече, е и оваа изложба.
- Како резултат на тоа во изминатиот период реализиравме повеќе од десетина изложби меѓу кои за 200 години од Француската буржоаска револуција, за Лувр, Оноре Де Балзак и други, изјави Камчевски.
Изложбата ја отвори Тони Коцев, фотограф од Кавадарци, кој се занимава со уметничка фотографија.
- Прошетката низ скопските улици и маала Бушолц ја доживува како листање на историска книга и веднаш ја забележува архитектурната и урбаната различност на двете страни на Вардар. Од едната страна на Вардар е една приказна, додека од другата страна е сосема друга приказна, нагласи меѓу другото Коцев.
Ново на Сител
-
Учество на министерот Муцунски на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите - членки на НАТО
-
ОН загрижени за случувањата во Јужна Кореја
-
Во израелски напад убиен припадник на Хезболах, задолжен за врска со сириската војска
-
Зеленски: Украина тестираше нови ракети од сопствено производство
-
Осумдневен притвор за млад скопјанец кој се обидел да запали знаме
-
Истрага и побарана мерка притвор за лице кое поседувало амфетамин во Инџиково
-
Претседателот на јужнокорејскиот Парламент вели дека војниците го напуштаат парламентот
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патниот правец Маврово - Бунец